ВИДЕО: Изгаснат големиот пожар кај Лозово

Од:

Со два хеликоптери на МВР по тричасовна борба со огнот изгаснат е пожарот во кој гореше борова шума на непристапен терен во реонот на Лозово и селото Каратманово.

– Денеска (16.08.2023), во реонот на Лозово и селото Каратманово настана пожар во кој гореше висока борова шума. По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализираше пожарот кој беше затекнат во рана фаза. Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода. Акцијата траеше неполни 3 часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски