ВИДЕО: Итно вработување на млади соработници и реновирање на лабараториите бараат од Институтот за хемија

Од:

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за работа во лабараториите се примитивни и немаме средства за истражувачка работа, алармираа од Инстиутутот за хемија на денешниот едночасовен мирен протест. Вработените и студентите од овој институт при Природно математичкиот факултет бараат итно да се одобрат барањата за нови вработувања на млади соработници, бараат средства за реновирање и опремување на студентските лабаратории како и за реновирање на зградата и во буџетот да се предвидат средства за научно-истражувачка работа.

Според Марина Стефова, раководителка на Институтот за хемија нејасно е како може државата да стипендира магистерски и докторски студии на странските, а не и на универзитите во нашата земја.

„Веќе осум години не е добиена согласност за вработување асистент, а во меѓувреме се случуваат редовни пензионирања на професорите и лаборантите, кои се исто така неопходен дел од практичната настава. Проблемот низ бројки е многу јасно видлив: од вкупно 58 вработени во 2000 година (33 наставници, 11 асистенти и 14 лаборанти), во 2010 биле 44 (30 наставници, 4 асистенти и 10 лаборанти), денес на Институтот работат 24 вработени, од кои 20 наставници (15 редовни професори), 4 лаборанти и ниту еден асистент. Во исто време, бројот на студенти во последните десетина години нема битни промени и дури е во благ пораст со просечно 50 нови студенти на прв циклус студии секоја година и вкупно меѓу 250 и 300 студенти на сите три циклуси на студии“, рече Стефова.

Протестот го поддржааа околу 200 вработени и студенти  како и деканот на ПМФ, Ицко Ѓоргоски и деканската управа.

Министерот  за наука и образование Арбер Адеми го коментираше денешниот протест  и рече дека за овој Институт имаат доставено барање до Министерството за фианснии за нови вработувања за двајца асистенти и за тројца виши лаборанти.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on