(ВИДЕО) Исмаил: Резолуцијата ја осудува опозицијата место да ја ограничи владата за внес на мигранти

Од:

На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, во своето излагање по однос на Резолуцујата на ДПМНЕ за „осуда на опозицијата” за темата за мигрантите, истакна дека суштинскиот проблем на резолуцијата е тоа што таа не го третира реалното прашање, туку се занимава со наводната „шпекулација“ околу можноста за прием на мигранти. Тој, исто така истакна дека резолуцијата е декларативна и не воведува конкретни обврски за владата иако Уставот и законите тоа го дозволуваат.

„Со резолуцијава никого не задолжуваме, а тоа може да се направи. Зошто да не го задолжиме Министерството за надворешни работи да испрати јасен демант до британските и до другите странски медиуми коишто го шпекулирале сето ова“, праша Исмаил од собраниската говорница.

Според него наместо со резолуција да се постават јасни ограничувања и рамка во која Владата би била врзана во своите постапки, документот се сведува на политичка оценка дека опозицијата водела лажна кампања. Резолуцијата не содржи ниту една одредба со која недвосмислено би се забранил приемот на лица на кои им било одбиено барањето за азил во странство, ниту пак создава конкретни обврски за извршната власт.

Исмаил нагласи дека доколку навистина постои намера да се заштитат државните и безбедносните интереси, тогаш резолуцијата би требало да се насочи кон конкретни мерки: ограничување на приемот на мигранти во било која форма, преиспитување и поништување на спорните договори и активности, како и јасно задолжување на надлежните институции да постапуваат транспарентно и одговорно.

„Ако навистина сакаме да ги поништиме овие политики да почнеме од конкретното. Дали ќе го го поништиме Договорот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото кралство потпишан во 2020 година од тогашниот министер Бујар Османи. Тоа не се прави со декларација во Резолуција туку со закон за престанок на договор, донесен тука во Собранието“, истакна Исмаил, додавајќи дека истото се однесува и на новиот договор за стратешко партнерство потпишан во 2025 година, кој произлегува од договорот во 2020 година и предвидува соработка во одбраната и безбедноста.

Исмаил го оспори и тврдењето дека британскиот премиер целосно ги демантирал информациите за разговори за прифаќање мигранти. „Тој демантираше дека е постигнат договор, но јасно кажа дека се воделе разговори со сите земји од Западен Балкан“.

На крајот порача дека предложениот текст не треба да се фокусира на тоа дали опозицијата шпекулирала туку да го третира суштинскиот проблем. „Со оваа резолуција треба навистина да ја ограничиме Владата и да оневозможиме, во било која форма, внесување мигранти во државата“, нагласи Исмаил.

Би можело да ве интересира

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он