(ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“

Од:

Со фотографии од загубените чеда и со транспаренти, родителите, блиските и пријателите на жртвите од трагедијата во Кочани и денеска излегоа на „Марш за ангелите“ низ градот. Протестот почна од паркот, а продолжи пред полициската станица, обвинителството и судот.

Протестот почна во 16.05 часот, како симболично потсетување за задоценатата реакција на институциите. Мајките и блиските на жртвите со молк, со фотографиите в раце стоеа пред инстиуциите повторно барајќи неселективна и вистинска правда.

Татко на едно од загинатите деца, повика сепак да не се молчи туку да се зборува затоа што како што рече, молчењето и трпењето доведоа го големата трагедија.

Претходно, родителите на загинатите со писмо информираа дека ја одбиле понудата да се сретната со премиерот Мицкоски во Владата в понеделник. Велат дека сметааат оти е најдобро средба да се одржи во Кочани.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски