(ВИДЕО) И ги извадија органите и пет години чека пресуда, Веапоска се сомнева: Сакаат да застари делото

Од:

Случајот на Јилдиз Веапоска, која отиде да се породи, а во струшката болница заврши без бубрег, матка и јајник се уште нема судска завршница. Пет години трае процесот за кој се сомнева дека намерно се одолговлекува.

-Новото рочиште е сега на 20 јуни, но тенденцијата е да се застари предметот, вели таа за поткасотот „Основано сомнение“.

Дванаесет часа по породувањето со царски рез, таа имала болки, пет дена не откриле што се случува, а потоа ја оперирале и и ги извадиле органите. И денеска не знае што се случило.

-Се онесвестив и веќе се будам после 14 дена на Карил во Скопје, без органи. Во струшката болница ги извадија органите, матка, јајник и бубрег изјави Веапоска во поткастот „Основано сомнение“.

Направен е вонреден инспекциски надзор кој укажува дека нема лекарски пропуст. Нема лекарска грешка укажува комисијата на Венко Филипче, изјави Веапоска за тогашниот министер за здравство, кој долго време не го менуваше докторот Асани од директорската позиција во струшката болница. Асани кој го изврши породувањето и втората операција, беше сменет дури по силниот притисок на јавноста.

На прашање дали трпи притисоци да се откаже од прогонот таа вели:

На почетокот трпевме и јас и мојот сопруг, директно не, само индиректно. Со секакви методи се проба, рече таа.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол