(ВИДЕО) ХОПС: Со ваква легализација на марихуаната никој нема да се излечи

Од:

Легализацијата на марихуаната за медицинска употреба нема да служи за најавената цел туку фаворизираат финасиски моќници кои ќе го контролираат пазарот со канабис. Со предлог законот за измени и дополнувања на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни сусптанци нема да се придонесе за поголема достапност на канабисот и неговите деривати до оние на кои им е најмногу потребен, реагираат од здружението ХОПС.

Тие бараат предлогот за измена на законот да се повлече од собраниска процедура и да се избработи посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот како и негова достапност до сите на кои им е потребен.

-ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со што ќе се овозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис во аптеки или специјални продавници но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или кои сакаат сами да го подготвуваат сопствениот лек.

-Поради предложените одредби со кои се уредува начинот на производство чување и преработка на канабисот, со кои се става голем финансиски товар на правните лица кои би ја работеле оваа дејност, очекувано е крајниот производ да биде со висока цена, а со тоа недостапен за најголемиот дел од луѓето на кои им е потребен. За одгледување на канабис законот предвидува безбедносни мерки кои не постојат за одгледување на афион од што се произведува хероин, изјави Христијан Јанкулоски, извршен директор на ХОПС.

Според Јанкулоски, со предложените измени се прави ограничување во однос на дијагнозите и медицинските состојби односно само 4 специјалисти ќе може да ги препишиуваат продуктите од канабис, а тоа се невролози, инфектолози, радиолози и онколози.

-Не се вклучени останатите стручни лица кои што може со овој закон да ги препишиваат продуктите од канабис. Канабисот повеќе од 25 години се употребува за глауком односно за очен притисок што значи дека офталмолозите нема да можат да го препишуваат. ХОПС смета и дека е алармантно воведувањето казнени одредби во законот со кој се криминализира личната употреба на канабисот што претставува дополнително регулирање на оваа материја која е веќе регулирана со Кривичниот законик.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Коалиција Маргини: КСЗД треба да ги штити правата на маргинализираните граѓани, а не профитот на приватните компании

Ана Ололовска

Маргини и ХОПС: Пресуда против Северна Македонија, ЕСЧП ги штити правата на луѓето кои употребуваат дроги

Ана Ололовска

ХОПС ќе ги соопшти резултатите од Креативната акција за општествени промени

Ана Ололовска

„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

Ана Ололовска

ХОПС: 19 отсто од младите пробале психоактивни супстанции

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Скриениот херој во секое дете“

Ана Ололовска