Голема група хонорарци, актери, сликари, музичари, невладини активисти но и граѓани, протестираат луѓе против Законот со кој се воведува плаќање на придонеси и за хонорарите.
Протестот започна во паркот Жена Борец, потоа продолжи пред Министерството за труд и пред Влада.
Организаторите на протестот велат дека протестирараат против лошите закони кои ги носи оваа влада.
Здравко Савевски посочи дека Владата одбива да ги слуша засегнатите од овие закони.
„Со измените Владата брза , прави грешки во чекори и ја покажува ароганцијата во владеењето.Повторно прават поделби, овој пат меѓу вработените и невработените. На народот не му требаат нови поделби. Парадоксално, владеачката партија се вика ВМРО-Партија на македонско национално единство. Се дискриминираат невработените и хонорарците“, рече Савевски.
„Измените се само лажна социјална мерка, овие измени се само козметички измени. Хонорарците не бараат да ги жалите, туку да ги сослушате. Вака веќе не може“, рече Тамара Чаусидис од Новинарскиот синдикат.
Бараат Владата да го повлече законот и проблемот трајно да се реши. На Владата и порачаа: „Си играте со човечки судбини“, „Измените се анестезија, придонесите – ампутација“, „Измените на наш грб, а во ваша корист“.