Во последното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат-М анализирајќи ги телефонските разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за корупција во тендерите на ЕЛЕМ за РЕК Битола и при договарањето на сумите за изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини ја отвори дилемата за тоа колкава би била казната за оние кои земаат мито од повеќе милиони евра ако за само 500 илјади, кои ги добил од кинеската фирма која ја градеше „Козјак“, тогашниот директор Панде Лазаров одлежа 5 години затвор.