(ВИДЕО) Градските гробишта во Кочани ќе се прошируваат, настраданите во дискотеката ќе бидат погребани на посебно место

Од:

На состанок кој се одржа денес во Општина Кочани, по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, сегашниот градоначалникот во оставка дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период.

– Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод“, се вели во информацијата.

„Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места.

Би можело да ве интересира

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице