ВИДЕО: Големо невреме во Делчево, поплавени улици, прекин на струјата

Од:

Големо невреме со силен ветер го зафати попладнево Делчево. Поплавени се поголем број градски улици. во градот краток период немаше и струја.

Паднати билборди и реклами, урнати бандери и оџаци, ќерамиди се забележани на повеќе места.

-Од невремето однесена е лимена кровна конструкција на зграда со средна големина, паднти се повеќе дрвја и бандери, срушени се оџаци, светлечки реклами и соларни панели. Поплавени се домови, објекти и неколку паркиралишта. Има паднато телекомуникациски кабли. За настаната состојба известени се сите надлежни институции кои интервенираат на терен и превземаат мерки во нивна надлежност (испумпување на вода во поплавени објекти, санирање на паднатите дрвја на патот, санирање на искинати жици итн). До сега не се пријавени жртви или повредени жители информираа од Центарот за управување со кризи.

Во дел од градот поплавени се и подрумите на куќите.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија