ВИДЕО: Герила акција среде претстава на Жугиќ

Од:

Граѓански активисти направија герила акција во “Театар Комедија” на вечерашна претстава „Лисистрата” во која главна улога игра директорката и отворен поддржувач на владините политики, Јелена Жугиќ.

Во еден момент среде претставата каде Жугиќ им вели на актерките да си направат селфи, активистите ги извадија мобилните телефони, ставија маски со #протестирам на лицата и се сликаа свртени со грб кон сцената. По селфито станаа и го напуштија театарот.

Целта е како што велат да се искаже револт кон партизираноста на уметноста и театарот.

Јасмина Голубовска, од иницијативата #протестирам, вели дека со оваа акција се испраќа порака и до Жугиќ како уметник и директор на театар со партиска книшка.

11418369_10207135576977274_1162467237_n (1)

-Со ова сакаме да искажеме револт кон партизираноста на уметноста и културата во Македонија за се она што се случуваше изминатиов период. Како што знаете голем број уметници неможат да најдат работа во театрите поради нивната политичка и партиска неподобност или било каква друга афилијација доколку не се согласно политиките на извршената власт. Во тој поглед со овој протест сакаме да укажеме да се ослободи уметноста од канџите на партиските притисоци и сериозно да се сфати културата и уметноста како водечка сила во едно општество за негова целосна ревитализација – рече Голубовска.

11272278_10207135577177279_1850863518_n

Таа додаде дека симболичниот протест не е кон останатите актерки во претставата, туку конкретно револт кон партизацијата на уметноста во целина.

Активистите беа облечени во барокни костуми.

IMG_20150604_203325

 

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ