(ВИДЕО) Георгиевски: Пензискиот фонд од банкрот ќе го спасуваат хонорарците

Од:

Преставниците на синдикалните здруженија се незадоволни што министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов не ги прими на средба за да разговараат за новиот закон според кој хонорарците ќе плаќаат здравствено и пензиско осигурување.
Преставници на синдикалните здруженија, невладините организации повикаа на протест во понеделник во 12 часот.

„Да не те повика некој на разговор само го покажува демократскиот капацитет и мислам дека се ближи денот кога гневот на граѓаните и револтот мора да се искаже на улица“, изјави Маријан Ристевски.

Новинарот Ѕвездан Георгиевски смета дека законот носи многу бенефити за газдите но и не за работниците. Според него законското решение од кое владата не отстапува овозможува на работникот да му се трансформира работниот однос во хонорарен ангажман и да не ужива никакви права.

„Парите од придонеси ќе одат во првиот пензиски столб што значи дека не е да се обезбедат новинарите за пензија туку идејата е да се спаси од банкрот фондот“, рече новинарот Ѕвездан Георгиевски.

Од здружението „Ленка“ уште еднаш повторија дека законот е против уставен со самото тоа што именувани функционери, пратеници, судии, поротници се ослободени од овие давачки или сите оние на кои државата треба да им плати пензиско и здравствено за хонорарниот ангажман.

„Пензионерите овој закон ги привелигира. Не знаеме зошто, иако претпоставуваме дека се сигурно гласачко тело за секоја власт па така и за оваа и со овој закон се купува нивната послушност до следни избори. Функционерите си се изземаат од овие законски измени и тика е парадоксот“, изјави Дејан Лутовски од Ленка.

Законот ќе стапи на сила од 1-ви јануари а освен министерот Спасов поддршка даде и првиот човек на ССМ Живко Митрески.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on