Првообвинетиот Дејан Јованов-Деко и сите останати обвинети не се чувствуваат виновни по обвинението за трагедијата во „Пулс“. Сите обвинети, еден по еден зборуваа во судницата, изразија сочувство до семејствата за жртвите и посакаа повредените побрзо да оздрават, но сите категорично ги отфрлија овиненијата.
Дејан Јованов, неговите најблиски од семејството, синот и братот, рекоа дека се невини. Исто и сите тројца градоначалници Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов се изјаснија за невини.
Екс министрите за економија Ваљон Сарачи и Крешник Бектеши исто така се изјаснија за невини. Обвинетиот владин функционер Шабан Салиу пак оцени дека „обвинението е политички мотивирано и неосновано и рече дека се чувствува невин по однос на обвинителниот акт.
Дел од останатите обвинети пак се изјаснија дека не им е јасно зошто се дел од процесот.
Пензионираниот градежен инспектор Огњан Ѓорѓиев рече дека е невин и не му е јасно зошто е во судница.
– Јас немам врска со ова, јас сум пензионер. Немам никаква вина. Обвинет сум за да не има повеќе на број, изјави Ѓорѓиев.
Зоран Николовски пак рече дека во Министерството за економија работел само нецела една година и дека не работи таму 13 години, и не разбира зоѓшто е дел од обвинението.
Родителите на жртвите се негодување реагираа на изјавите на обвинетите дека не го прифаќааат оибвинението, по што реагираше судијаката Диана Груевска Илиевска и побара мир во судницата. Денешното рочиште ќе продолжи со воведни зборови на бранителите на обвинетитет.
Обвинети се Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС, ВЕНЦИ ПРОЕКТ ДООЕЛ Кочани.
