(ВИДЕО) Филипче: Ова не е време за политички пресметки, туку за единство и правда

Од:

Ви се обраќам денеска, со навистина тешко срце во овие моменти на огромна и на длабока тага. Вчера се загубија млади животи, семејства останаа без најблиските без најдрагоценото, без своите деца. Цели генерации останаа со болка којашто никогаш нема да може да се надмине. Ова е трагедија која што ја потресе целата земја и навистина остава трага која никогаш нема да се избрише. Дозволете ми уште еднаш да упатам најискрено сочувство до семејствата на загинатите, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Во текот на вчерашниот ден бев присутен на клиниката и таму се сретнав со дел од семејствата со еден дел од нив поразговарав, тоа се дел од семејствата коишто имаат свои најбликси на лекување. Разговарав и со колегите, направивме стручни консултации. Ги видов напорите на колегите, видов како и тие сочувствуваат со болката на семејствата.

Сакам да ги уверам семејствата дека тие се одлично згрижени, одлично распределени, лично ги знам сите кои учествуваат во вој процес на лекување, лично ја знам нивната експертиза и сакам да ги уверам семејствата дека нивните најблиски се во добри раце и дека колегите се борат за секој еден живот.

Сега е потребна поддршка на тие семејства, потребна е поддршка и семејствата на загинатите. Апелирам до министерот Таравари да формира мобилни тимови и тие тимови бидат Клиниката за психијатрија бидат на располагање на семејствата во Кочани, да се разговара посебно во пресрет на тоа што таму сега ќе следува. Мислам дека секаква помош е многу потребна.

Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е срозена. Ако сакаме таа доверба да ја вратиме мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага.

Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту поранешни функционери или службеници. Тоа не е прашање на политика, тоа е прашање на вистина и на правда.

Трагедијата е преголема за да се дозволи сенка на сомнеж, затоа што ако постои и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар врз целото општество. Затоа апелирам до истражните органи, обвинителството, редовно да се известува ако треба и два пати во денот, што точно се прави за да се спречат шпекулации. Потребна е одговорност на секој еден,потребна е одговорност на сите нас како граѓани. И ни е потребно единство, ова не е време за политички пресметки. Треба да покажеме човечност, а јас и ветувам дека нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден и како опозиција будно и интензивно ќе пратиме овој процес да оди во правилна насока.

Ние сме одговорна и државотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи кои водат кон идентификување на причините. Истовремено како партија го нудиме целиот наш капацитет чоевчки и интелектуален да помогнеме во овој процес.

Ова е ситуација во којашто мора да сме сплотени и да покажеме верба во принципите. Секој акт на морална одговорност од наша страна ќе биде поздравен.

Апелирам безбедносните служби да пратат евентулни насоки, сигнали за прелевање на некакви кризи од семејствата, тоа на нашето мултикултурно и мултитничко општество не му е потребно. Трагедиите можат да уништат една нација, но и да ја зајакнат. Од нас зависи како ќе излеземе од сето ова – како држава што научила лекција и донела правда, или како општество што дозволило ова да се заборави. Вечна им слава на починатите. Македонскиот народ нема да ја заборави оваа трагедија, а наша одговорност е да осигураме дека ова никогаш повеќе нема да се повтори, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Амбасадорката на Србија: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград

(ВИДЕО) Граѓани на Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката во која се случи трагедијата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Болка, солзи, но и гнев и револтот на протестот во Кочани

Катерина Ѓуровски

Протест во Штип: Сите да ја добијат својата казна

Мицкоски: Ова е масовно убиство

Катерина Ѓуровски

Полицијата го бараше Андреј дома, додека тој лежеше мртов во болницата во Кочани – реакција на сопругата на пејачот на ДНК

Катерина Ѓуровски