(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог“ затоа што ја критикуваат власта?

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието, го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога зборува за „талог на општеството“ мисли на граѓаните. Филипче од говорница јавно рече дека секојдневните поплаки, прашањата и проблемите се реални гласови на граѓани кои живеат тешко и кои заслужуваат почит, а не навреди.

„Да ги изнесам констатациите на граѓаните кои што ги нарекувате дека се „талог на општеството“, прво и заради тоа што поплаките прашањата и се останато доаѓа од нив, не директно од нас“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, исто така рече дека е свесен дека Владата сака да зборува за „убави работи“, но најверојатно тие работи се за мал круг на луѓе блиски до власта..

„Знам дека сакате да зборите и за убави работи. Веројатно тоа се случува за мала група на луѓе околу власта, меѓутоа не за целата држава и за сите граѓани“, рече Филипче.

Тој на денешната седница на пратенички прашања исто така рече дека за огромното мнозинство граѓани, реалноста е сосема поинаква, а тоа е држава без европска перспектива, држава со изгласана против уставна резолуција, со која што се забранува слобода на изразување, слобода на говор, држава со сива економија и длабока сиромаштија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски