(ВИДЕО) Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи за 27 април, вели Мицкоски

Од:

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие што водеа политички монтиран процес да си стават прст на чело и да размислат што прават и што направиле, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан како ја оценува вчерашната одлука за амнестија на обвинетите за случајот организатори за 27 април.

Прашан дали можеби смета дека имало притисок врз судијата, Мицкоски рече дека тој ниту го познава, ниту пак некогаш се видел физички со судијата, така што не би сакал да коментира во тој дел.

– Можеби за тоа треба да дадат одговор сите оние кои што вршеа притисок да преку еден политички монтиран процес луѓе денеска лежат во затвор седум-осум години поради тероризам. Никој од нив не вели дека не направил грешка, направил, но никако не се терористи. Сега кога веќе е јасно дека нема организатори, не знам како може да има терористи, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци.

Нагласи дека не станува збор за застарен случај, туку, како што рече, толкувањето е дека обвинението е покренато откако истекол рокот за да може да се поднесе барање согласно Законот за амнестија.

– Тие немале можност во рокот да поднесат барање, односно биле обесправени. Тоа е суштината, не е дека е застарен предметот или нешто друго, изјави Мицкоски.

Дел од адвокатите кој ги застапуваат обвинетите за предметот организатори на „27 април”, со писмо го известиле Кривичниот суд – Скопје дека претходно престојувале надвор од државата, односно

Основниот Кривичен суд Скопје вчера го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор
на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски. Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на државата.

Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Мицкоски од Давос: За два ипол пати ќе порасне потреба од електрична енергија – Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

А1он

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир