ВИДЕО: Два турски „ер трактори“ и хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите

Од:

Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека тие рано утрово слетале на аеродромот во Скопје.

Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, а еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.

Ангелов вели дека денес фокусот ќе биде ставен на овие два пожара. Се гаси и од земја со значителен број на пожарникари, претставници од ловните друштва, месното население и припадниците на Армијата и Едницата за брзо распоредување при МВР.

– Се работи за исклучително тежок терен каде има бујна вегетација што го отежнува движењето на луѓето по терен така што многу е тешко да се дојде до горливите точки. Во текот на вчерашниот ден, благодарение на припадниците на Армијата, успеавме да изгаснеме неколку критични точки, а помогнаа и припаднциите од Единицата за брзо распоредување при МВР. Денес на помош повторно имаме 103 припадника на македонската Армија и 30 припадници од Единицата за брзо распоредување на МВР, изјави Ангелов.

Како што најави Ангелов, се договара дополнителна помош во воздухоплови.

Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а утринава од ЦУК информираа дека активни се девет пожари.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он