(ВИДЕО) Душко Стојановски: Има казни и сериозни закани, нешто што беше за очекување

Од:

Професорот по македонски јазик во скопската гимназија „Орце Николов“, Душко Стојановски, кој во обид да застане на страна на средношколците за подобро образование без никакво образложение и известување беше разрешен од синдикатот. Тој зборува за неговото отстрнување од СОНК и политичката заднина на ваквиот потег.

– Ова не е некаков, ова е нивниот сериозен обид да се замолчи секој кој што гледа дека средношколците се нашата иднинда, а јас секогаш кажувам тоа е нашата единствена иднина, единствена надеж. Студентите и средношколците, нешто кое што може да создаде демос во нашево општество затоа што ние досега немавме демос, затоа немаме ни демократија, истакнува Стојановски.

Според него, инспекциите и казните во образованието растат со цел да се замолчат оние кои мислат поинаку.

– Има и казни и сериозни закани, нешто што мислам дека беше за очекување бидејќи тоа е еден систем кој што исклучиво функционира со контрола. А овие инспекции се нарекуваат педагошки инспекции, односно доаѓаат од педагошкиот просветен инспекторат, а всушност имате исмевање на тие придавки кои што стојат пред именката инспекторат затоа што ниту со едно нешто, ниту за едно нокте не покажуваат дека знаат што е тоа педагошко и просветно, која е дејноста, која е задачата на просветата всушност и функционираат според други принципи погазувајќи се, самите си земаат за право да го газат уставот, погазуваат нешто што во уставот е пропишано, епа што друго може да се очекува од такви луѓе, вели професорот.

Тој додава дека е повеќе од јасна партизираноста во неговото исклучување, како и исплашеноста на претседателот на СОНК од конкуренција.

– Мислам дека е повеќе од јасно дека има партизираност, а и некоја исплашеност на претседателот на СОНК дека видел некаква опасност, конкуренција. Тој други вредности бидејќи и нема, единствено на овој начин може да се справи со сето тоа, вели Стојановски.

Професорот зборува и за заспаноста на синдикатот, како и за парнтерстовото помеѓу владата и СОНК. Според него, работодавец на просветните работници се даночните обврзници, па така доколку синдикатот треба да биде во партнерство со некого, тоа се даночните работници.

– Идејата на СОНК е дека станува збор за партнерски однос со владата, и сега тука може да се размислува на повеќе начини и повеќе аспекти да се гледа сето тоа затоа што мене не ми е логично работниците дека се во партнерски однос со оние условно кажано работодавци, затоа што нас не ни е работодавец владата, ние сме јавни личности, ние сме образование, ние живееме како и владата што живее од буџетот, а буџетот се формира преку даночните обврзници, нам ни се работодавци даночните обврзници, ако сакаме ние да бидеме партнер со некој работодавец, тогаш тоа треба да го правиме точно со даночните обврзници, а не со некаква влада, додава професорот Душко.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март