(ВИДЕО) СДСМ: Фирмите сè уште во куќата на министерот Јанакиески

Од:

Членовите на СДСМ, Лидија Димова и Хари Локвенец, како и пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, со цел да се уверат во начинот на кој се реализираат теренските активности со проектот „пречистителна станица“, беа во посета на градежните локации низ Прилеп.

Притоа се увиде, дека механизација на фирмата ПЕЛА ТРАНС работи на градежните зафати поврзани со пречистителната станица. За тоа, пратеникот Димова изјави: Ќе забележите дека масовно се копа, но има неколку работи кои се спорни во ова. Прво, веќе поставеното прашање до Министерот Јанакиески, од страна на Општинската организација на СДСМ од Прилеп.

Ќе забележите, дека механизацијата е обележана со ПЕЛА ТРАНС. Значи ПЕЛА ТРАНС е фирма којашто е во тесни роднински врски до министерот Јанакиески. За ова, еднаш е прашан, но, одговор нема, согласно транспарентноста на Владата.

Второ, она што е спорно во овој случај, е што до никаде не се завршени работите со пречистителна станица. Морам да нагласам дека ова се пари од ИПА, обезбедени од програмата 2007-2009 година.

Значи, овие пари не се вечни. Ако не се потрошат овие пари ќе ги изгубиме. Извесно е дека ќе има проблеми со изведбата. Но, од гледна точка на граѓаните на општина Прилеп, треба да се загрижени, со оглед на фактот, дека нешто што сме можела да го имаме во 2007/8, евентуално во 2009 година, го немаме во 2015 година. И, којзнае кога ќе биде направена пречистителната станица. Ова, пак, зборува за капацитетот и на општина Прилеп, меѓутоа и на Министерството за транспорт и врски и на Министерството за финансии, во крајна линија како потписник на сите тие проекти.

Поучени од сите овие лекции и искористувајќи ги сите можности што ЕУ ги нуди, СДСМ кога ќе дојде на власт, сигурно ќе постапува поинаку. Овие проекти ќе бидат завршени во рекордно време.“

Дополнително, во обид јавноста да добие одговори на овие прашања, пратениците го посетија седиштето на фирмата „Лудвиг Фајфер“, за кое се испостави дека е сеуште во куќата на министерот Јанакиески. Вработените рекоа дека не смеат да даваат информации, и дека единствено место каде можеме да се обратиме за одговори е Министерството за финансии. Не добивме ниту одгвор на кој начин е ангажирана токму фирмата ПЕЛА ТРАНС да врши работи за проектот.

Димова после кратката средба, изјави:

„Иако Министерот Миле Јанакиески тврдеше дека ги раскинал договорите со фирмите во неговата куќа, се испоставува дека тоа е лага. Тука се наоѓаат двете фирми, и двете функционираат заедно! Како брат и сестра. Надзорот и изведувачот, се заедно во куќата на Јанакиески.“

Фирмите се уште во куќата на министерот Јанакиески

„Почитувани прилепчани, друга работа која заборија да Ви ја кажат, веројатно, е тоа дека поради овој проект, цената на Вашата вода ќе поскапи, поприлично. Тоа е составен дел на договорот за овај проект.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“