(ВИДЕО) Димитровски: Бараме одговор од Кривичниот суд за приведувањето на Кежаровски

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски доколку се брани од слобода, ќе биде достапен за институциите на правдата и на јавноста. Случајот е стар 5 години и не може да влијае на сведоците и на јавноста – изјави уредникот на „Нова Македонија“ Зоран Димитровски пред Основен суд 1.

Димитровски заедно со колегите кои се дел од Иницијативниот одбор за ослободување од притвор на новинарот Кежаровски, доставија барање за средба со претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, на која ќе побараат одговори на нејасните прашања поврзани со приведувањето на Кежаровски и одлуката за негов притвор.

– Прекршени се законите и Уставот, како и правната процедура. Притоа, судијката дава смешни образложенија за ваквата постапка. Доколку во одредена фаза се појави потреба, ќе бараме и Обвинителството да реагира – вели Димитровски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски