Илјадници демонстранти го исполнија плоштадот Македонија и Камениот мост, откако претходно беа блокирани од полициските сили на патот кон Владата.
Демонстрантите ги исвиркаа припадниците на МВР револтирани од нивниот однос и неколкудневното бркање и апсења на дел од активистите од невладиниот сектор.
На другата страна од Камениот мост ги пречека силно полициско обезбедување и не ги пушта да го минат мостот од другата страна.
Полиција има и кај црквата св. Димитрија.