ВИДЕО: Чекајќи ја новата зграда, студентите се тушираат на отворено

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]Соочени со нечистотија, стар инвентар, нефункционални тоалети, а повремено без струја, греење и топла вода, идните академски граѓани се уште ги сонуваат најавените нови легла.

Новиот студентски дом требаше да биде отворен за нив уште во октомври минатата година, но има уште за чекање. Условите во кои живеат студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“ како што велат самите се далеку од идеални.

Студентите од домот „Стив Наумов“ во Скопје велат дека во машката зграда првите десет дена од почетокот на годинава биле без струја, парно и топла вода.

Во последната година медиумите повеќе пати пишуваа за проблемите со струја, греење и условите во кои живеат студентите во Скопските студентски домови, но ситуацијата се уште не е променета. За близу 60 евра месечно студентите во „Стив Наумов“ добиваат легло во соба со четири или пет кревети, неисправни тоалети, стар инвентар без услови за учење.

За 3200 денари кои ги плаќаме месечно, условите кои ни се нудат не се добри. Покрај недостатокот на основни хигиенски услови, во сите згради ни шетаат лебарки, изјави студент.

Хигиената е никаква, нема врати во кабините па се тушираме на отворено, вели студентка од женската зграда.

Во собите нема бироа кои би можеле да ги користиме за учење. Ако не решам да ја користам студентската читална, приморан сум да учам на кревет или на земја, вели студент.

Новиот студентски дом „Стив Наумов“ беше почнат уште во декември 2011 година.

Со цел обезбедување подобри услови за живот на студентите Владата продолжува со изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти. Изградбата која денеска почнува треба да заврши за осум месеци, изјави Панче Кралев, министер за образование и наука, во декември 2011 година.

Истото го потврди и владиниот портпарол подоцна. Во изјава дадена во јули 2012 година, портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев вели: „Три нови училишта и новите објекти во студентскиот дом “Стив Наумов“ ќе бидат финализирани во октомври оваа година“.

Но новиот студентски дом не беше завршен до октомври минатата година. Еден месец по рокот кој самиот го кажа, министерот за образование постави нов рок.

Во согласност со интензивното темпо на изградба, ќе бидат завршени до почетокот на следната година и по опремувањето ќе бидат ставени во употреба, истакна Кралев во ноември минатата година.

На почетокот од третиот месец годинава, новите згради од студентскит дом се донекаде изградени, но далеку од фазата некој да се смести во нив.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ