Сите инволрвирани се идентификувани. Испитани се тројца од осомничените. Имаме признание за текот на настаните, кој што правел и кој за што бил задолжен. Се работи за две кривични дела, грабнување заради корист и убиство. Заради поврзаноста на двете со сторителите кои се исти тоа добива најтешка можна квалификација и се изрекува најтешка можна казна рече обвинителот Гаврил Бубевски на прес конференцијата во врска со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
– Три лица се во притвор 48 часа затоа што уште е во тек обработка податоците од материјална природа, кога ќе има наоди од обдукција и од биолошки траги и вештачњеа во тој момент, денеска или утре МВР ќе излезе со соодветна пријава и тогаш ОЈО ќе отвори истрага за кој ќе можеме да кажеме многу повеќе детали. Постапката е во фаза на истрага. Мора краткотраен притвор за се да се документира. Ги фатило паника затоа што веќе им станало јасно дека се создава паника и дека полицијата е ангажирана, решиле да биде убиено девојчето. И нам не ни е јасно ако веќе мотивот бил користољубие. Не знаеме се точно, ова е од нивните искази. Треба да се потврди детално приказната, рече Бубевски.
Тој соопшти дека Вања била грабната од влезот во зградата во која што живеела.
– Таткото учествувал во давање насоки за тоа кога девојчето ќе излезе само, не го сомничиме дека го извршил најтешкото кривично дело. Тој имал определана комуникација со членот на групата кој е во бегство, вели Бубевски.
Средствата од станот кој мајката го продала претходно би можеле да бидат мотив за ова, девојчето е грабнато во влезот внатре, истакна јавниот обвинител Бубевски.