(ВИДЕО) Бошњаковски до новинарите: Посетете ја Шутка и уверете се дека условите се подобрени

Од:

Условите во истражниот затвор во Шуто Оризари беа во фокусот на новинарите на владината прес-конференција. На прашањето кога конечно ќе се спроведат реформите и ќе се сузбијат појавите како што е продажбата на дрога, владиниот портпарол Миле Бошњаковски уверува дека овие состојби биле надминати и ги покани новинарите да го посетат затворот и на лице место да се уверат дека институцијата функцинирала согласно законските прописи.

„Ова појава беше јасна политичката ориентација на претходната влада, оваа е населедена ситација од претходната деценија. Но реформите се спроведуваат, подобрени се условите. Ве поканувам да видите што се е направено во одделнијата и како функционираат затворите. Ние се грижиме за сите, односно и за тие граѓани кои се наоѓаат таму,“ изјави Бошњаковски.

Во однос на прашањето дали ќе бидат поставени блокатори во затворите, со цел да се спречи внесување на мобилни телефони преку рака и да се стави крај на подмитувањето на затворската полиција Бошњаковски рече дека Управата за извршување санкции требало да достави барање до владата.

„Да точно е, видовме на социјалните мрежи дека има мобилни телефони , дури се пишуваа и заканувачки пораки.Сетот мерки треба да ги предложи и достави Упрвата за санкции.Дали тоа ќе бидат деблокатори или друго решение, останува институцијата да изготви план и да го достави, по што ние ќе го разгледаме на седница“, вели Бошњаковски.

Бошњаковски, не одговори на прашањето дали и заменикот-директор на затворот во Шутка треба да поднесе оставка како што тоа го направи Ѓоко Котевски, затоа што и тој сноси подеднакво одговорност за случајот со истепаните екс-министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Во однос на несогласувањата на релацијата СДСМ-ДУИ, владиниот портпарол рече дека вчерашната седница поминала во нормална работна атмосфера и негираше дека имало препукувања помеѓу министрите од колацијата.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Бошњаковски: Пријавете ги работодавците кои бараат да вратите дел од платата

Бошњаковски: Ако се утврди протекционизам при вработувањата, ќе се реагира

ВИДЕО: Замената на патните документи и табличките на возилата на товар на граѓаните

(ВИДЕО) Бошњаковски: За отстранувањето на оградата нема да се трошат пари од граѓаните

Сандра Бошковска