(ВИДЕО) Богоев: Власта го награди Трајковски заради рекетот врз фирмите

Од:

„Очигледно сакате да го наградите овој човек, којшто и пресуди на најгледаната телевизија во Република Македонија, овој човек кој пресуди на најтиражните и најобјективни весници во РМ, тоа се „Време”,  „Шпиц”  и „Коха е ре”.

На овој начин сакате да го наградите, оној кој дуќаните и фирмите во Македонија ги накити со жолта трака, на која пишува „Затворено од УЈП”.

Сакате да го наградите човекот којшто вршеше со години легален рекет на фирмите и дуќаните во Република Македонија, којшто е потврден и слушнат во “бомбите” од проектот Вистината за Македонија.

За вас очигледно, лојалноста и послушноста се пред професионалноста и стручноста.  Ние вакви скандалозни одлуки и вакви инкриминирани типови не поддржуваме“, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, на денешната собраниска седница на која на Дневен ред беше Предлог одлуката за избор на директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он