А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Блажески: Што е за потсмев, чесно на лада или во нечесен луксузен џип ?

by А1он09/02/2013 - 17:52162
Share0

„Денес веќе не ги плашат реките од народ, морето народ почна да ги плаши. Ги плаши неподелениот народ, ги плаши народната граѓанска свест. И не само народот кој е на страна на опозицијата почнува да ги плаши и народот кој беше на нивната страна. Љубовта, кашлицата а и стравот не може да се сокријат. Нивниот страв е очигледен“, рече Дејан Блажески вчера вечер на Граѓанскиот парламент, во Видобишта.

Добивај вести на вибер

Јас, рече, одлучив во нити еден мој следен јавен настап и во нити една колумна нема да се обраќам на неопределените. затоа што сфатил дека ги нема. Не постојат.

„Сите сме определени. Сите ние имаме некакви ставови. Сите ние избираме дали ке ги кажеме гласно, дали ќе гласаме, дали ќе бојкотираме .Но, за разлика од власта која никако не сака да почнат да се будат пасивните, сметајќи ги како не толку предвидлива категорија, јас не можам да бидам лицемерен и да кажам дека немате одговорост. И нечија незаинтересираност подлежи на огодворност“, рече Блажески.

Поминаа скоро осум години, поминаа повеќе од 80000 часа владеење, тоа е сериозен период, рече, период во кој не покажааа нити зрелост нити одговорност, кога многу дворски шутови добија големи дворски функции.

„Некои со потсмев зборуваат за ладата на која држиме говорите. Но што е повеќе за потсмев, чесно на лада или во нечесен луксузен џип. Што е повеќе за потсмев отпорот на улиците или режимот во институциите. Што е повеќе за потсмев храбриот говор или уфилманите кукавиците кои сакаат да бидат мафијаши а одат на баци рака кај шефот? Се потсмеваат и на тоа дека сме протестирале со автомобили, ајде ветете ми дека без надомест со истите овие автомобили за брзо ќе ги иселиме од нивните луксузни кабинети и ќе ги вратиме онаму од каде што дојдоја, а дојдоја од школските клупи,без искуство, по стриковски, кумовски, сестриснки релации, од секаде само од легални конкурси за работа.Што е повеќе за потсмев купени независни кандидати или определени партиски припадници. Кој може во Охрид се уште да верува во независноста на листата чии носители имаат биографија која е “прочитана” повеќе од делата на Толстој“, праша Блажески.

otpor

Би можело да ве интересира

Повик на ФБ: Кога неправдата станува закон, Отпорот станува должност

Емир Латифовиќ31/01/2015 - 15:2303/11/2015 - 14:58

(ВИДЕО) Слободна Македонија: Демолирани четири изборни штабови на Сојузот за иднината во Центар

Емир Латифовиќ15/03/2013 - 21:09

(ВИДЕО) Слободна Македонија: СДСМ бара прекршочна пријава за ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ14/03/2013 - 22:59

(ВИДЕО) Слободна Македонија: Жерновски го покани Тодоровиќ на дуел кај Прометеј

Емир Латифовиќ12/03/2013 - 23:49

(ВИДЕО) Слободна Македонија: Политичка хајка на МВР во Штип

Емир Латифовиќ05/03/2013 - 20:20

ВИДЕО: Победнички караван низ Битола

Емир Латифовиќ01/03/2013 - 21:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен