(ВИДЕО) Битиќи: Скопската Чаршија е нашата мултикултурна вредност, да ја чуваме за да и пркоси на времето

Од:

„Чаршијата е нашa цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам и затоа сите ние треба да се грижиме и да ја негуваме за да и пркоси на времето“, рече заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската Чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“.

Вицепремиерот Битиќи посетата ја искористи и за средба со новиот председател на Еснаф, Бујар Дулови, и членовите на новото раководство на кои и им посака успешен мандат и реализација на нивната визија за Чаршијата, и порача дека ќе ја имаат неговата безрезервна подршка за потребите на занаетчиите и на Чаршијата.

„Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам и затоа сите чинители треба да се грижат и да ја негуваат за да и пркоси на времето, и оттука моја обврска но и ваша, е интензивно да работиме за понатамошно развивање на Старата скопска чаршија“, рече вицеперемиерот Битиќи.

Председател на Еснаф, Бујар Дулови, се заблагодари за искажаниот интерес на вицепремиерот Битиќи да ги слушне нивните потреби и искажа вадеж дека во Владата ќе најдат еден партнер со кои заеднички ќе придонесат за понатамошна ревитализација на чаршијата како едно историска и мултикултурна вредност на Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи при посетата на Чаршијата разговараше и со неколку занаетчии за начините како да се афирмира нивната дејност, но беше запознаен и со ревитализацијата на некои улици кои до скоро беа запуштени, во кои неодамна се отворени угостителски објекти кои помагаат за враќање на сјајот кој го имаше Чаршијата во минатото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Битиќи за ангажманот за германската БМЗ груп

Горан Наумовски

Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија“, имаме тотална фискална деструкција

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче