Пред 7 години бевме доведени пред граѓанска војна само поради лична и тесно-партиска кусогледост и алчност на ВМРО-ДПМНЕ. Насилно и крволочно влегоа во Собранието бидејќи не сакаа да ги ослободат заробените институции“, вели во видео обраќањето по повод упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
„Ова ВМРО-ДПМНЕ денес е истото од тој 27-ми април пред 7 години. Тоа го гледаме во секоја нивна порака за раздор и поделба и денес кога повторно ја бараат вашата доверба. Затоа на 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите и да се обединиме. А тоа зло – НИКОГАШ да не се повтори“, вели Битиќи и порачува дека „ние не сме случајни минувачи низ нашата Македонија – ајде заедно да бидеме архитектите на една стабилна и европска иднина за нас и нашите деца“.