(ВИДЕО) Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Од:

Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на ‘човечињата идаат и гласаат и ќутат’ – имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Битиќи за ангажманот за германската БМЗ груп

Горан Наумовски

Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија“, имаме тотална фискална деструкција

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче