„Бев малтретиран и мачен и психички и физички и на секаков друг начин. Лицата на оние кои ме сослушуваа нема никогаш да им ги заборавам“, рече Рамадан Бајрами, клучниот сведок во случајот „Сопот“, кој денеска првпат јавно проговори пред новинарите за неговото сведочење на кое се темелеше пресудата за овој случај.
– Тоа сум го рекол 101 пат, повтори Бајрами. Тој изјави дека кога се случил настанот тој не бил присутен во Македонија. „Кога се случи случајот јас воопшто не бев присутен во Македонија. Имам печат на пасошот. Докажано е дека не сум бил во Македонија, рече тој.