Професорот Петар Атанасов на граѓанскиот парламент во Битола рече дека со Македонија владее диктатор а дека преродбата е една голема шарена лажга.
До пред само 2 месеци владата на Никола Груевски се преправаше дека работи нешто, 24/7, а остваруваа само за да останат на власт. Тоа го докажаа со сите свои потези во минативе месец и половина. Колку години е на власт Никола Груевски? Единаесет години е во извршната власт, повеќе и од СДСМ и од Бранко Црвенковски. Велат СДСМ е виновен а тие направија од Македонија една тажна и неперспективна држава, срамота – рече тој.