Вевчанските корени на Михајло Пупин

Од:

Целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, се наоѓа во Вевчани, a освен што е сместувачко-угостителски објект, со музејската поставка ги отсликува животот и делото на Пупин.

Куќата која се наоѓа во Горно маало е во сопственост на Стеван Пупин, кој живее во Белград, а истата е изградена во 1880 година. Денес реновирана со зачувани елементи на камен и дрво, дрвена порта, скалила од костеново дрво и соби со автентичен мебел и покуќнина, освен што е удобно одмаралиште, истата е историско катче кое ја чува и претставува вистинската приказна за семејството Пупин.

IMG_4914

Информациите за потеклото на Михајло Пупин, иако многу скудни, пренесени од колено на колено кај потомците ја откриваат целата историја на семејството.

Тони Костојчиноски, концесионер на „Пупинова куќа“, за А1он објаснува дека дедото на Михајло Пупин, Арсение Пупин кој живеел Вевчани заминува во Идвор, Србија каде го добива синот Константин кој е татко на Михајло. Семејството од Москополе, Албанија се населиле во Вевчани, а низ историјата има факти дека во Москополе со векови живееле, православни, македонски и влашки родови.

IMG_4915

„Во Вевчани останал братот на Арсение, па така продолжило да се развива фамилијарното стебло на Пупиновци овде“, посочува Костојчиноски.

Михајло Пупин бил роден во Идвор, од татко Константин и мајка Олимпијада, а Костојчиноски посочува дека за Олимпијада која немала српско име, постојат информации дека потекнувала од охридскиот регион.

IMG_4919

Од вкупно 10 деца, останале живи Михајло и две негови сестри чии потомци сеуште може да се најдат во Идвор. За разлика од сестрите, Михајло по смртта на татко му, на петнаесет годишна возраст заминува во Њујорк, САД. Бил оженет за Сара Катерина Џексон со која имал една ќерка Варвара од која нема потомство.

„Од емигрант до научник“, автобиографијата на Пупин, за која во 1924 година добива и Пулинцерова награда, целосно го опишува животот на овој физичар, математичар, а пред се научник и пронаоѓач. Значаен е во областите на телекомуникациите, редиотехниката и радиологијата. Има регистрирано 24 патенти од кои првиот 1984, а последниот 1923 година.

„Пупиновиот калем кој го открил во 1894 година, а има примена во телефонските коминикации за пренос на глас на далечина, по откупувањето од страна на АТТ (американски телефон и телеграф) го направиле Пупин богат човек“, објаснува Костојчиноски.

IMG_4917

Тој бил професор на Универзитетот во Колумбија 40 години, а освен што се грижел за воспитувањето на младите генерации, не ги заборавил ни сиромашните деца.

Костојчиноски објаснува дека Пупин основал фонд за школување и стипендирање на сиромашните деца. Па така до крајот на ХХ светска војна, Пупин имал многубројни фондови преку кои на институциии и поединци им донирал околу 14 милиони долари, а интересен е податокот дека голем дел од парите биле донирани и во Македонија.
Поврзаноста на Михајло Пупин со Македонија, најпрво можеме да ја сретнеме во неговата автобиографија, потенцира Костојчиноски, каде Пупин вели дека се родил во стара Србија во околината на Охрид.

IMG_4920

„Интересен е фактот дека семејна слава на Михајло Пупин за време на неговиот живот во САД била Успение на Св. Богородица, која во Вевчани сеуште ја слават сите од родот Пупиновци, додека останатите вевчанци како слава ја имаат Преображение“, додава Костојчиноски, „Јас ја славам славата на моите предци“, напишал Пупин, вели тој.

Михајло Пупин бил многу близок пријател со претседателот на САД Вудро Вислон, а бидејќи бил добар познавач на приликите на Балканот бил испратен од Вилсон на Версајската мировна конференција во Париз. Пупин со својот говор на конференцијата побарал рамноправност за другите народи во Кралството СХС, објаснува Костојчиноски, посочувајќи дека Пупин се залагал сите народи на Балканот да имаат рамноправен статус.

„На Делегатите од Кралството СХС не им се допаднал тој став, па побарале Пупин да биде отстранет од конференцијата, по што бил отстранет“, вели Костојчиноски.

Д-р Пупин додека бил жив добил многу награди и почесни признанија, бил претседател на Американскиот институт на радиоинженери како и член на Њујоршката, Француската и Српската академнија на науки. Во Југославија во 1946 година бил основа и Институтот за инженериг и технолошки истражувања „Михајло Пупин“.

Во 1921 година кога по втор пат го посетил Кралството СХС, во Љубљана нарачал да се направи камбана тешка 2300 килограми, која ја подарил на градот на црквите и словенската култура Охрид. Камбаната денес се наоѓа во црквата „Св. Климент Охридски“, а на неа на српски пишува:

„Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921 година“.

Оваа година во јуни, академци од МАНУ и САНУ, како и претседателите Владо Камбовски (МАНУ) и Никола Хајдин (САНУ), во Вевчани го афирмираа делото на Пупин од областа на физиката и електрониката. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриновски на собирот најави наскоро отворање на канцеларија на МАНУ во Вевчани.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ