Вешти измамници, пензионери во шок – тетовчанка на непознат човек му фрли 27.000 евра од балкон

Од:

Иако МВР во неколку наврати, на повеќе начини апелира, пред се до повозрасните граѓани да не наседнуваат на зачестените телефонски измами за наводни сообраќајни незгоди во кои или има прегазено дете“ или возачот мора итно да оди на операција“, па потребни се пари, сепак во денешниот МВР билтен повторно има информација за жена која останала без околу 27.000 евра.

МВР информира дека вчера попладне во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од полицијата.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски неделава рече дека во изминатиот период вештите измамници, за кои се претпоставува дека се странски државјани, имале над 500 обиди на слични измами, а од нив околу 100 се успешни.

Најчесто пензионерите, односно повозрасните граѓани во Македонија наседнуваат на измамите, ја даваат заштедата, а шокот по веста дека близок член на семејството е во незавидна состојба игра клучна улога.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во тешка сообраќајка на булевар во Скопје

А1он

Оштетени се 34 автомобили на паркинг на булевар во општина Аеродром – штетата е околу 11.000 евра

А1он

Со автомобил удри во пет возила, три контејнери и семафор, па тешко повреден заврши во болница

А1он

Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

А1он

Се судрија автомобил и камион во Кисела Вода, настрада 19 годишна девојка која поминуваше во близина

А1он

Фатена е жена од кочанско, возеше со 2,63 промили алкохол во крвта

А1он