Верските заедници повикуваат на дијалог, смиреност и воздржаност

Од:

Актуелната политичка состојба беше главна тема на заедничката средба на лидерите на верските заедници во Македонија, од која упатија апел за конструктивен дијалог, смиреност и воздржаност од дејствија кои се штетни за државата и граѓаните на Република Македонија.

Тие изразија загриженост поради зачестените појави на ксенофобија, антисемитизам, исламофобија и христијанофобија, како и омраза на говор – насочени против припадници на одредени верски заедници и ентитети, но и воопшто.

– Загрижувачка е и претставува основа за дискриминација и насилство и појавата на изедначување на оние кои, узурпирајќи одредена религија, сеат терор, убиваат и шират радикализам, со оние кои се искрени припадници на истата религија, оценија поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници.

На средбата во Скопје се разгледаа и повеќе аспекти од религиозниот и општествениот живот во државата.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ