Вершбоу: Нема план Б за влез во НАТО

Од:

Заменик-генералниот секретар на Алијансата Александар Вершбоу по средбата со премиерот Никола Груевски се заложи Македонија што побрзо да влезе во НАТО. Но според него, тоа може да се случи штом ќе се реши проблемот со името во ОН за што постои консензус во НАТО.

„Македонија веќе се однесува како сојузник и сакаме што поскоро да ја видиме како член на Алијансата. Тоа ќе се случи веднаш штом ќе го решите проблемот со името во ОН за што постои консензус во НАТО“, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Вершбоу.

Тој изрази очекување проблемот со името да се реши што е можно поскоро со што Македонија ќе стане 29-та земја-членка на НАТО.

Заменик-генералниот секретар на Алијанската кажа дека за влезот на Македонија во НАТО нема план Б.

„НАТО е организација во која одлуките се носат со консензус. Во моментов нема план Б, бидејќи за менување одлука донесена со консензус на самит повторно е потребен консензус“, рече Вершбоу.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски потенцираше дека Република Македонија веќе се однесува како член на НАТО и дека повеќе пати има потврдено дека го заслужува местото во Алијансата.

„Очекуваме да продолжиме со нашето однесување како НАТО земја-членка, но и Алијансата да ја препознае вредноста заедно со земјата која досега го опструираше патот за наше зачленување, да покаже и зрелост и концепт и конкретна контрибуција за да го заокружиме тој процес. Дефинитивно од тоа сите ќе имаме корист“, рече Попоски.Вершбоу: Нема план Б за влез во НАТO.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

„Аксиос“: САД се подготвени да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции моделирани според Член 5 на НАТО

Во американскиот Конгрес поднесен предлог-закон за повлекување на САД од НАТО

Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот

А1он

Муцунски на министерски состанок во Брисел: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ

А1он