Во општината Аеродром, на 24 април, ќе почне портокаловата велосипедска парада по повод отворањето на реконструираниот полигон за велосипеди во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, објави Нова Македонија.
Парадата ќе се одвива по патеката за велосипеди од левата страна на булеварот Јане Сандански, па сѐ до дворот на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“.
Учесниците во парадата ќе имаат можност да се придружат во садењето цвеќиња и работилницата за рециклирање стари автомобилски гуми, кои ќе бидат претворени во уникатни саксии за цвеќе со помош на волонтерите од „Ајде Македонија“ и од „Пакомак“.