Групата #НаТочак започна да прави експеримент при кој што зафатија место колку за 2 коли од една лента на булеар кој има 3 ленти во секоја насока, во термин и ден во кој нема многу сообраќај.
Овој експеримент бил организиран на булевар на кој што во скоро време биле направени велосипедски ленти, но тие се окристат како паркинг, а властите не интервенираат за заштита на велосипедскиот простор.
Целта била да се сврти вниманието на нефер третманот од институциите и да се креира обратна ситуација.
Според нив, во еден идеален град не би ни имало толку автомобилски ленти и луѓето би можеле да го користат јавниот простор на многу поинтересни начини.
Од групата кажуваат дека во рок од 7 минути откако застанале на коловзните ленти, пристигнало полициско возило по пријава на граѓанин дека е попречуван сообраќајот. Тие ја објасниле поентата на акцијата, а полицајците реагирале коректно, но не се задржале доволно долго за да ја побараат истата ефикасност и по пријавите за блокирање на велосипедските ленти.
Патеките за овие типови немоторен сообраќај се помалку на број, потесни по димензии, нема алтернативи (за разлика од 3-те ленти за коли тука) и се предвидени за ранливите учесници во сообраќајот, велат од НаТочак.
Сообраќај не се само коли! И кога сме на точак сме сообраќај и градот е на сите! Да се избориме за нашиот простор! Од НаТочак викаат да се избориме паркирањето врз пешачки и велосипедски патеки да се санкционира, како што е и пропишано во законите. Дојдете на Критична маса и протестен пикник утре, во среда: https://www.facebook.com/events/1305617582889617