Велјаноски: Македонија посветена на реформите

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски на средбата со словенечкиот колега Грегор Вирант, искажа благодарност за постојаноста во принципиелната политика и поддршка на Република Словенија кон Република Македонија, особено на патот на евро-атлантските интеграции.

Го информираше Вирант дека и покрај исходот од Самитот во Чикаго во поглед на прашањето на проширување на Алијансата, Македонија и натаму останува посветена во исполнувањето на реформите и активна во исполнувањето на обврските во рамките на мисиите на НАТО.

На средбата со Вирант на која присуствуваа и потпретседателите на словенечкиот Парламент и координаторите на пратеничките групи, беше искажано задоволство од билатерални односи на двете држави, соопшти собраниската прес-служба.

Претседателот на Државниот збор Вирант се осврна на прашањето на спорот кој Република Македонија го има со јужниот сосед, искажувајќи лично убедување дека барањето од Грција не е рационално и е претерано, бидејќи не може од една држава да се бара да се откаже од името и идентитетот. Тој искажа убеденост дека со заеднички напори ќе се најде решение.

Министерот за надворешни работи на Република Словенија Карл Ерјавец, пак, на средбата со Вељаноски и собраниската делегација, истакна дека сите држави од регионот треба да се интегрираат во Европската унија, бидејќи Унијата без државите од Западен Балкан не е тоа што треба да биде.

Велјаноски имаше средба и со премиерот Јанез Јанша, кого го запозна со неподеленоста на политичките партии, но и на етничките заедници, во однос на стратешките определби на Република Македонија – интегрирањето во НАТО и ЕУ и во силната посветеност на евроатлантскиот пат.

Во собраниската делегација се и пратениците Ристо Манчев, Мевмет Џемајловски, Оливер Спасовски и Амди Бајрам.

Би можело да ве интересира

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО

Конференција на НАТО: Балканот повторно би можел да стане „буре барут“