Велисипедски крос за основци „Тур Д Велес 2016“

Од:

Во организација на Еколошкото друштво „Вила Зора“, а со подршка на Општина Велес денеска во Велес се одржа 14-тата по ред традиционален Велосипедски крос „Тур Д Велес 2016“ за основците од градот.
 
Со старт од Плоштадот Сармаале па кружно по главната улици и со вртење кај Гимназијата и повторно назад до Сармаале, над стотина ученици од велешките основни училишта со своите велосипеди  симболично ја искажаа и заложбата на еколозите за здрав живот и подигање на јавната свест за возење на велосипед како превозно средство наместо автомобил.
 
Ненад Коциќ, претседател на ЕД „Вила Зора“ во изјавата за медиумите ја потенцира нивната повеќегодишната заложба, подржана од се поголем број граѓани на Велес, за, како што рече, почесто и поредовно возење на велосипедот како превозно средство.Тој констатира дека во Велес нема безбедни услови за велосипедистите за возење на велосипед, бидејќи во градот и околината сеуште нема велосипедска патека. 
 
-Тука нема безбедни услови за возење и се додека велосипедистите се загрозени во сообраќајот, се дотогаш сметам дека треба да се бара солуција за зголемување на безбедноста на велосипедистите затоа што возат и  мали  и тинејџери, и средни генерации и возрасни луѓе. Уште еднаш бараме да се обележат велосипедски патеки во градот и во околината се’ до туристичките места, потенцира Коциќ.
 
Градоначалникот Славчо Чадиев изјави дека поради конфигурацијата на теренот и   високиот стрмен дел на градот како  и претесните главни градски улици, нема можност за изградба на велосипедкси патека низ градот, но затоа прави заложби, во Велес наскоро да се изгради  велосипедска патека  до Езерото „Младост“.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон