Велики петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите граѓани

Од:

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празници, петок, 14 април 2023 година, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Понеделник, 17 април 2023 година, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Би можело да ве интересира

Верници од целиот свет пристигнуваат во Стариот град на Ерусалим на Велики Петок

Наум Локоски

Велики Петок, најтешкиот ден во годината

Наум Локоски