• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Велешкото обвинителство поведе постапка за разбојништво​

by А1он22/06/2020 - 13:16299
Share0

Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против велешанец поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – разбојништво.

Добивај вести на вибер

-Осомничениот на 09.06.2020 година со патнички автомобил, заедно со дете како сопатник, се движеле во правец од село Караслари кон Велес при што забележале дека по патот пеш се движат две лица – мигранти. Тој го сопрел автомобилот и им понудил на мигрантите да ги превезе до границата со Србија каде што биле упатени. Кога со автомобилот стигнал до фабриката „Димко Митрев“ околу 19:30 часот, осомничениот побарал мигрантите, по потекло од Авганистан, да му дадат 200 евра. Откако тие не се согласиле, осомничениот им се заканил дека ќе извади оружје и ќе ги убие. Исплашен од упатените закани, еден од оштетените на осомничениот му дал 200 евра, по што осомничениот заедно со детето влегол во автомобилот за да замине. Во тој момент, еден од оштетените мигранти успеал да го одземе мобилниот телефон на осомничениот, кој подоцна при пријавувањето на настанот го предал на овластените полициски службеници во СВР Велес, соопшти Обвинителството.

Со оглед на фактот дека од денот кога го извршил кривичното дело се до 21-ви овој месец осомничениот се криел, како и дека постои можност да се даде во бегство, да влијание врз сведоци и да ја попречува истражната постапка, Обвинителството до Судот поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството, па донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

krazba

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен