Велешките крводарители веќе го реализираа годишниот план со над 75 проценти

Од:

Од почетокот на 2014 година до денеска во Станицата за трансфузиологија во Велес се собрани вкупно 1.554 крвни единици од доброволните дарители на крв од Велес и поширокиот велешки регион.

Како што информира за МИА, Мимоза Николова главна сестра во станицата,ова годишниот план за доброволно крводарување за 2014 година зацртан на 1.973 крвни единици, за само шест месеци веќе е реализиран со околу 75 проценти.

– Имаме редовно крв од сите крвни групи со што ги подмируваме потребите на пациентите во велешката градска болница, а редовно испраќаме и крв за потребите на Центарот за трансфузиона медицина во Скопје, од каде се задоволуваат потребите на пациентите во скопските клиники, а оттаму и во останатите болници во земјава, потенцира Николова.

Таа оценува дека велешките крводарители со години, па и оваа 2014, покажуваат на дело дека се меѓу најхуманите во земјава.

– Имаме и доброволни дарители на крв регистрирани кај нас на повик и кога имаме итни случаи и потреба за крв од ретки крвни групи, тие секогаш се јавуваат на нашиот повик. Нивната дарувана крв значи живот за многумина пациенти чиј живот при сообраќајќа и слични несреќи буквално виси на конец, а за што сме им посебно благодарни на нивната хуманост, потенцира Николова.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите