Велешани го добија Офицерскиот дом

Од:

Општина Велес ќе го добие во сопственост Офицерскиот дом во градот согласно одлука на Владата од 22 мај, а на барање на општината, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на општината Аце Коцевски.

– Оваа одлука сметам дека е од големо значење за Велес и велешани. Наместо да зјае празен и да пропаѓа, ќе го вратиме животот во ова култно место за граѓаните. Во најскоро време Офицерскиот дом пак ќе биде центар на социјализацијата и дружењето за сите генерации велешани и ќе ја поттикне локалната економија, рече Коцевски, соопштија од општината.

Тој додаде дека ова е остварување на дел од визијата за Велес и одлуката на граѓаните за намената на Офицерскиот дом искажана на јавната расправа за капитални инвестиции.

– Во најкус можен рок ќе објавиме јавен повик за заинтересираните инвеститори и угостители, најави Коцевски кој упати јавна благодарност до Владата за брзата одлука и отворената можност за враќање на сјајот на Офицерскиот дом.

Површината на парцелата лоцирана на улицата „Благој Ѓорев“ бр. 1 е 2.663 м2. Објектот има подрумски простории, приземје, кат и поткровје, а од сите други страни е обиколен со парк. Приземјето опфаќа 201 м2. Катот има 17 простории, тераса и санитарии со површина од 162 м2, а поткровјето вклучува две простории со вкупно 53 м2.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите