Велешани го чествуваат празникот Источен петок Балаклија

Од:

Православните христијани од Велес вчера попладне и синоќа масовно го посетија манастирот „Св. Димитрија“ кој е оддалечен два километра од градот, а по традиција на првиот четврток по Велигден и започнаа со прослава на празникот Источен петок Балаклија посветена на Пресвета Богородица.

По традиција палеа свеќи за здравје и оставаа велигденски јајца.

Вечерна богослужба во манастирската црква „Св. Димитрија“ синоќа одржа митрополитот Повардарски Агатангел со свештеници од Епархијата Повардарска.

Прославата на празникот кој според православниот календар е денеска на 13 април, ќе продолжи утрово со Златоустова Литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Повардарски Агатангел. Православните Христијани и денеска до попладне по традиција ќе го посетуваат манастирот „Св. Димитрија“ и ќе палат свеќи за здравје.

Претходно беше расчистен патот кој води до манастирот од карпите кои паднаа на него и на железничката пруга. Пругата беше расчистена за два дена, а патот 22 дена беше затрупан со карпи од огромната карпа „Цуцка“ која се издигнува на патот. Велешани кои синоќа со семејствата и пријателите одеа по овој пат кон манастирот, од претпазливост и со страв погледнуваа кон карпите кои се уште застрашувачки се издигнуваат веднаш над патот.

Манастирската црква „Св. Димитрија“ за време на турското владеење на овие простори бил затруан со земја цели пет века, за да биде повторно откопан во 1855 година.

Би можело да ве интересира

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата