Велешанец ја тепал, ја дрогирал и ја принудувал сопругата на проституција

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 45-годишен жител на Велес за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Посредување во вршење проституција информираат од ОЈО.

Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, осомничениот во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата сопруга, така што со примена на сила, тепајќи ја и давајќи и наркотични дроги, ја наведувал на проституција. Тој се договарал со различни лица и ја носел жената во Кавадарци, каде што ја принудувал да има сексуални односи со неколку лица во ист ден, за што наплаќал парични средства.

Имајќи предвид дека во конкретниот случај постојат околности кои упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на високата запретена казна за ова кривично дело во траење од најмалку 10 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.​

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода