Велес новогодишно украсен

Од:

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници општина Велес ја украси главната новогодишна елка во Младинскиот парк, постави уште три светлечки елки на три локации во градот, а со светлечка завеса е осветлена и Саат кулата што е симбол на Велес.

Како што информираат од Општина Велес, во рамки на активностите, оспособени се светилките на главната улица „Благој Ѓорев“ и поставени се висечки украсни елементи во централното градско подрачје.

Општина Велес постави светлечко црево на мостот „Гемиџии“ и светлечки лампиони на древните јавори на плоштадот С’рмаале.

Градската саат кула е обвиена со светлечка завеса во висина од десет метри. Влезот на градот по должина на улицата „Димитар Влахов“ е украсен со украсни елементи поставени на металните столбови за улично осветлување.

Од општината нема најава за организиран дочек на нова година на отворено. Последниот дочек за граѓаните на Велес на отворено беше во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско