А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Велес ќе биде вклучен во меѓународен проект за културно наследство

by А1он29/05/2020 - 16:26312
Share0

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со асоцијацијата на градови од С. Македонија со архитектонско наследство со седиште во Велес. Покрај Велес во проектот ќе бидат вклучени: Скопје, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Охрид, Штип и други градови посветени на заштита на културното наследство. Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени пет француски градови.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес – конференција информира дека со овој значаен проект што ќе се реализира во партнерство на Република Франција со Република Северна Македонија и Република Албанија планирана е размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

–Со цел оваа тематика да го најде своето вистинско место на планот на евроинтеграциите на локално ниво, веќе разговаравме и со Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС за нивно вклучување во реализацијата на активностите и проектите, појасни Коцевски.

Тој упати јавна благодарност до Марилиз Ортиз, директор на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“, Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, до амбасадорот на Република Франција Крисијан Тимоние и нашата амбасадорка во Франција Јадранка Чаушевска за поддршката на овие значајни проектни активности.

Во проектот е вклучено и нашето Министерството за култура, македонските градови и универзитетите, а ќе се одвива во соработка со партнерите од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албанија и градовите Берат и Елбасан.

veles

Би можело да ве интересира

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 11:5201/11/2025 - 12:03

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски18/10/2025 - 12:1218/10/2025 - 13:00

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Горан Наумовски10/10/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен