Вечерва се крева завесата на „Охридско лето“

Од:

Вечерва започнува една од најзначајните културни манифестации во Република Македонија, 52-то „Охридско лето“.

На Античкито театар, фестивалот ќе го отвори премиерата на театарскиот ораториум „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата ги обединува Битолскиот и Охридскиот театар, театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Русија и Македонската опера и балет.

Фестивалот за отворен ќе го прогласи претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

52-то издание, според организаторот, ќе понуди исклучително богата уметничка програма со настани кои се очекува да предизвикаат огромен интерес во јавноста и посебно кај љубителите на музичката, театарската и друг вид уметности.

Над 500 уметници ќе бидат дел од драмската понуда. На Античкиот театар, во предворјето на црквата „Света Софија“, на Долни Сарај, во Заливот на коските, и на други атрактивни локаци ќе бидат прикажани десет театарски претстави на седум различни јазици. Во музичката програма за 52-рото издание на „Охридско лето“ се предвидени вкупно 25 концерти со учество на уметници од повеќе земји од Европа и светот, како Русија, Италија, Франција, Германија, Кипар, Полска, Чешка, Шпанија, Доминиканска Република, Јужна Кореја, Словенија, Хрватска, Албанија, Бугарија и други.

Во изминативе години, Фестивалот „Охридско Лето“ успеа да го одржи и чекорот со европските и светските културни текови и се вброи во елитата на најголемите и најзначајни Фестивали во светот.

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Променета локација на концерт на Скопско лето

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ