Коалицијата „Граѓаните за Македонија“, денеска во Кампот на слободата пред Влада ќе одржи прес-конференција во 12.30 часот на која ќе се зборува за денешниот граѓански протест „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, кој ќе започне во 18 часот, пред Владата.
За ова ќе зборуваат активистите Уранија Пировска, Бојан Маричиќ и Петрит Сарачини.
Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ се приклучува и го поддржува протестот, затоа што, и после четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорност за неговата смрт.
– Се додека нема правда, нема ниту мир! – порачуваат активистите.
Семејството Нешкоски вчера поднесе четири кривични пријави против Дејан Митровски-Урко, поранешната министерка за внатрешни работи Гордан Јанкулоска, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и премиерот Никола Груевски за прикривање информации во врска со убиството на Мартин.
Денеска се одбележуваат четири години од свирепото убиство н Нешкоски на плоштадот Македонија во Скопје по прославата за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.