Вечер:Чудото во Свети Димитрија не е чудо, туку влага!

Од:

Чудо нема, а прв оваа ексклузивна вест ја објави „Вечер“, истиот весник кој жестоко ги напаѓаше сите што побараа научно објаснување.

Мистеријата со самочистењето на фреските во црквата Свети Димитрија е решена.

Денешен„ Вечер“ објави дека екипата од Националниот конзерваторски центар која во изминативе неколку месеци беше ангажирана да го истражи случајот  и научно да докаже за каков феномен се работи, завршила со експертизата и го затвори случајот.

Конечните резултати, според весникот,  покажале дека тие не се третирани ни со органски ниту со неоргански растворувачи.

Вистинскиот чистач на патината од зачадените фрески е зголемената кондензација и големото количество влага што се случи по генералното чистење на храмот пред Велигден, објави весникот. Всушност, како и секоја година така и оваа, подот се трие и се чисти со плискање вода од кофи, која потоа испарува. Тоа предизвикало хемиска реакција на ѕидовите од која се исчистила патината и чадот од златната боја на фреските, вели изворот на„ Вечер“.

А еве што пред 6 месеци објави весникот „Вечер“.

И еве ги обвинувањата на адреса на некои новинари.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Северна Македонија и Грција заеднички спасуваат ретки византиски фрески од 12 век

Во Помпеја откриени исклучително зачувани фрески

Кристијан Ландов

МПЦ ги демантира резултатите на Конзерваторскиот центар

Кејт Мидлтон